ножичар | м.

Инсект што ја напаѓа виновата лоза; Lethrus apterus Laxm.

ножиште 1 | ср.

Аугументатив од нога.

ножиште 2 | ср.

Аугументатив од нож.

ножница | ж.

Кожена или метална корица, навлака за нож; канија.

нозба | ж.

Јадење и пиење што се носи кога се оди на гости.

ноздра | ж.

Еден од двата отвора на носот; носалка.

нокаут | м.

Во боксот – удар по кој удрениот боксер е онеспособен за понатамошна борба.

нокдаун | м.

Во боксот – силен удар по кој удрениот боксер може да ја продолжи борбата.

нокот | м.

Тврд рожен израсток на горната страна од прстите на рацете и нозете.