нокте | ср.
ноктест | прид.
Што има големи нокти; што е како со нокти, што личи на нокот, на нокти. Ноктести прсти. Ноктести врвови на планината.
ноктец | м.
Вид нискостеблесто растение, се користи како зачин; Sertula campana.
ноктиште | ср.
Аугументатив од нокот.
нокшир | м.
(арх.) Ноќен сад за вршење нужда.
номад | м.
Човек што нема постојано место на живеење.
номадски | прид.
Што припаѓа, што се однесува на номад и на номатка. Номадско племе. Номадски живот.
номенклатура | ж.
Попис на стручните називи во дадена област. Биолошка номенклатура.
номер | м.
Бројна ознака на предмет која го означува местото во редот на еднородни предмети; број.
номинален | прид.
Што го има само како име, назначен на хартија, а не вистински. Номинална вредност. Номинално учество во власта.