номинатив | м.
Основна форма на именските зборови во јазиците што имаат падежна промена (деклинација); први падеж.
номинативен | прид.
Што се однесува на номинатив.
номинација | ж.
Именување, давање име.
номинира | св. и несв.
Именува, даде, дава име, назив.
нонстоп | прил.
Непрекинато, без прекин. Продавницата е отворена нонстоп. Работи нонстоп.
ноншалантен | прид.
Што не се вознемирува лесно, безгрижен. Ноншалантен однос.
нор | м.
Водна, езерска птица, корморан; Phalacrоcоrax graculus.
Норвешка | ж.
Држава во Европа.
Норвешко Море | ср.
Море западно од Норвешка.
Нордиец | м.
Припадник на народите од Северна Европа.