норка 1 | ж.
Водна птица, штипче; Pоdiceps ruficоllis.
норка (се) 2 | несв.
норма | ж.
Правило, пропис. Морална норма. Правна норма. Јазична норма.
нормала | ж.
(геом.) Права која со друга права образува прав агол, или пробива дадена рамнина под прав агол.
нормален | прид.
Правилен, прописен, обичен. Нормален живот. Нормален развиток. Нормална појава.
нормализација | ж.
Доведување во нормална состојба.
нормализира | св. и несв.
Доведе, доведува нешто во нормална состојба.
Норман | м.
Припадник на средновековен народ што ја населувал Нормандија, денешна Франција.
Нормандија | ж.
Полуостров во Франција.
норматив | м.
Пропишана потрошувачка на материјал, труд, енергија и време за производство на единица производ.