носило | ср.
Направа за пренесување мртовци. Зад носилото имаше двајца свештеници, неколку жени и мажи.
носител | м.
носач.
носиште | ср.
Аугументатив од нос.
носија | ж.
Традиционална народна облека од домашна изработка, карактеристична за дадена етничка заедница или за дадена област. Македонска носија. Мариовска носија.
носле | ср.
нослест | прид.
Што има голем нос.
носло | м.
Тој што има голем нос.
носница | ж.
Еден од двата отвора на носот; ноздра.
носов | прид.
Што е во врска со носот; глас што се артикулира при минување на воздушната струја низ носот. Носова самогласка. Носов изговор.
носовка | ж.
Носова самогласка.