носорог | м.
Голем тревопасен цицач со еден или два рога на предниот дел од главата; Rhinоcerоs.
носталгичар | м.
Лице што чувствува носталгија, човек што е носталгичен по нешто минато или по нешто неостварено.
носталгичен | прид.
Што чувствува, што пројавува носталгија.
носталгија | ж.
Силна тага, жал, копнеж за напуштениот дом, родно место или татковина.
нота 1 | ж.
Графички знак за бележење на тонот; тон во музиката. Висока нота. Дисонантна нота.
нота 2 | ж.
Во дипломатијата – писмено обраќање на една влада до друга. Протестна нота. Размена на ноти.
нотар | м.
Овластено лице што врши правни услуги во оформување и заверување на разни правни документи.
нотарски | прид.
Што припаѓа, што се однесува на нотар и на нотарка. Нотарски акти. Нотарска дејност.
нотен | прид.
Што се однесува на нота1. Нотен знак. Нотен запис. Нотна тетратка.
нотес | м.
Мала џебна тетратка; бележник.