набели | св.

Намачка, стави белило, пудра и сл. Го набели лицето.

набере | св.

Скине, собере извесно количество овошје, плодови, цвеќиња и др., бере. Набрав јаболка. Набраа по еден товар дрва.

набеснее се | св.

Беснее доволно, до задоволување.

набеќарува се | св.

Се наоде беќар доволно, до задоволување. Доста му беше, се набеќарува и сега ќе се жени.

набивач | м.

Направа за набивање на колови, земјени маси и друго.

набие | св.

Настега, израмни со тапкање, со газење. Добро ја наби земјата околу коренот.

набиен | прид.

Нагмечен, повреден. Набиени јаболка. Раката му е набиена.

набиеница | ж.

Набиено место на некој дел од телото. Има набиеница на ногата.

набира | несв.

набишка | св.

Втера свиња во кочина, во свињарник. Ги набишка свињите.