надзборува | св.

Назборува, накаже повеќе од некого, надмине некого во зборување. Него никој не може да го надзборува.

надзвучен | прид.

Што е над можностите да го примат човечките органи за слух.

надзема | несв.

надземе | св.

Земе повеќе отколку што треба, отколку што е определено.

надземен | прид.

Што се наоѓа на површината на земјата или над земјата; подземен. Надземни делови на растенијата. Надземна инсталација.

надземи | прил.

Над површината на земјата;

надзира | несв.

Врши надзор, проверува, следи, надгледува некоја состојба или некоја работа.

надзирач | м.

Тој што надзира, што надгледува; надгледувач.

надзор | м.

Постојано надзирање, следење, надгледување, контрола над нешто.