надзорен | прид.

Што се однесува на надзор, што врши надзор. Надзорен орган.

надзорник | м.

Степен, звање во службеничката хиерархија.

надигне | св.

Дигне, крене, поткрене. Ја надигна главата да може да гледа. Војникот ја надигна пушката да нанишани. Ја надигна раката да удри.

надигра | св.

Победи некого со подобра игра. Гостите ја надиграа екипата на домаќинот во сите дисциплини.

надир | м.

Спротивна точка на зенитот, која се наоѓа на долната небесна полутопка.

надитри | св.

Се покаже поитар од некого, со итрина добие нешто. Го надитрил и му ги зел парите.

надише се | св.

Помине доволно или многу време дишејќи нешто. Се надишавме разни испарувања. Избегавме малку од градот да се надишеме свеж воздух.

надлаже | св.

Надмине некого во лажење. Итар Пејо никој не можел да го надлаже.

надлактица | ж.

Делот од раката од лактот до рамото.

надлежен | прид.

Што има право на дејствување и решавање (во административна работа и др.); меродавен, компетентен. Надлежна служба. Надлежен орган. Надлежен суд.