надеж | ж.
Душевна состојба на очекување, на верување дека ќе се случи, ќе се исполни тоа што се очекува. Надеж за подобро здравје. Надеж за голема добивка. Има надеж. Изгуби надеж. Последна надеж. Лажна надеж.
надежен | прид.
Што влева надеж, од кој може да се очекува. Тоа се песни на еден почетник, но и на еден млад надежен поет. Му се јави една надежна мисла.
наделка | св.
Со делкање добие нешто во определено или во големо количество. Наделка трески и го запали огнот. Во планината наделкаа греди.
надене | св.
Набоде, закачи на остар предмет. Го надена месото на ражен. Се мачеше да ја надене маслинката со виљушка.
надесно | прил.
На десна страна, во десна насока. Сврти се надесно. Улицата свртува надесно. Налево зјаеше пештера, надесно се креваа големи карпи.
надживеан | прид.
Што живеел помалку од друг; надживее 2. Застарен, надминат од времето.
надживее | св.
Живее подолго од некого или од траењето на нешто. Надживеал мнозина што се надевале да го наследат. Ги надживеа сите премрежиња.
наджнева | несв.
наджнее | св.
наджние | св.
Ожние повеќе од некого, натпревари некого во жниење.