наднесе | св.
Крене, издигне над нешто. Ја наднесе раката над очите и внимателно се загледа. Го наднесе клупското знаме над толпата навивачи.
надница | ж.
Договорена плата, заработка за еден ден работа. Работи на надница.
надничар | м.
Лице што работи на надница.
надничи | несв.
Работи на надница.
надноси | св.
Продолжи бременост, носи над потребното време. Жената може и да надноси, да роди подоцна.
надоаѓа | несв.
надовлече | св.
Довлече многу нешто, во големо количество. Надовлекоа гранки, дрва и запалија голем оган.
надоврзе | св.
Со врзување спои, додаде. Го надоврза јажето за да стигне.
надогради | св.
Догради над или кон нешто веќе изградено; догради 2.
надои | св.
Подои доволно, заврши со доење. Дај ѝ го детето да го надои.