надокрај | прил.

На крајот, најнакрај. Бурето веќе дошло надокрај.

надолго | прил.

Многу долго време, опширно (во расправа, разговор и сл.). Надолго му раскажуваше за сè што видел. Надолго објаснуваше како се случило сето тоа.

надолева | несв.

надолее | св.

Долее, потури уште колку што треба;

надолен | прид.

Што се простира надолу во насока на гледањето, на движењето. Луѓето брзаа по надолните улици кон морето. Надолен пат. Надолен терен. Надолно место.

надолета | св.

Долета во голем број. На плоштадот надолета јато диви гулаби.

надолж | прил.

По должината. Ја пресече штицата надолж.

надолжен | прид.

Што е по должина. Надолжен пресек. Надолжни риги.

надоли | св.

Надвие, совлада. Или мене тој или јас него ќе го надолам. Тешка дремка ја надоли.

надолива | несв.