надлета | св.
Надмине некого во летање.
надлуѓе | и.
Множина од натчовек;
надмен | прид.
Наперчен, вообразен, надуен. Надмен поглед. Надмен поздрав.
надминат | прид.
Глаголска придавка од надмине.
надмине | св.
При движење (одење, возење) престигне, остави зад себе некого или нешто.
надморски | прид.
Што се наоѓа над нивото на морето, што е над морската површина. Надморска висина (височина).
надмоќ | ж.
Поголема моќ во однос на моќта на друг. Беше свесен за својата надмоќ.
надмоќен | прид.
Што има надмоќ над друг, што е посилен, поснажен. За сето време нашиот тим беше надмоќен.
надмудри | св.
Се покаже, излезе помудар од некого, со мудрост добие нешто; надитри. Домаќинот ги надмудрил арамиите, кога влегле во визбата, ги заклучил.
наднаслов | м.
Во новинарството – наслов што е печатен со поинаков шрифт над главниот наслов.