надолие | св.
надолнина | ж.
Надолно место што се спушта во насока на гледањето, на движењето
надолничав | прид.
надолниште | ср.
Се спуштија по надолништето во селото. Трупците ги тркалаа по надолништето до патот.
надолу | прил.
Кон долу, кон пониско место; нагоре. Замина по патот надолу. Лозјето се спушта благо надолу.
надомест | м.
надомести | св.
Даде некому надоместок за нешто, надополни, замени нешто што недостига, што е изгубено и сл. Преку суд побарал да му ја надоместат штетата. Недостигот на електрична енергија ќе се надомести од увоз. Работат во две смени за да го надоместат изгубеното.
надоместок | м.
Давачка, противвредност што се дава за извршена услуга, за направена штета и др.
надонесе | св.
Донесе многу, во големо количество;
надополни | св.
Дополни, додаде уште колку што треба. Ги надополни резервите во храна.