надора | св.

Натпревари, надмине некого во орање. Не веруваше дека некој може да го надора.

надотера | св.

Дотера многу, во голем број; дотера Надотераа секаков добиток за продавање.

надотече | св.

За вода – надојде, нарасне; Сите реки надотекоа.

надотокми | св.

Дотокми, надомести тоа што недостига. Ги надотокми парите што недостигаа.

надоѕида | св.

Доѕида над или кон нешто веќе изѕидано.

надојде | св.

Дојде, се насобере во голем број. Надојде народ од сите страни. Во селото надојдоа бегалци и војници.

надработи | св.

Натпревари, надмине некого во работата 2. Сработи над определеното, повеќе отколку што треба.

надразба | ж.

Силна возбуда на организмот или на одделен негов орган, предизвикана од влијанието на надворешни или на внатрешни фактори.

надразлив | прид.

Што може да се надразни, што лесно се надразнува.