надразни | св.
Доведе некого во состојба на силна возбуда, предизвика надразба.
надраска | св.
Направи драсканица на кожа или на некоја површина. Си ја надраскал раката.
надрасне | св.
Порасне повеќе од некого, од нешто, надмине во височина. Се извиши, ги надрасна сите врсници. Брезата брзо ги надрасна раните дрвја.
надрасте | св.
надрдори | св.
Изнакаже, изназборува многу, сè и сешто, излишни работи. Да не те сретне, да не ти надрдори сè што било и не било.
надрети се | св.
Со зборови боцне, закачи, гибне, предизвика.
надрипа | св.
Рипне повеќе од некого.
надрнда | св.
Со дрндање расчепка, обработи доволно волна, памук.
надроби | св.
Дроби нешто во определено количество. Надробил сув леб во млекото.
надрочен | прид.
Глаголска придавка од надрочи.