надрочи | св.
За плод – нарасне, стане крупен, јадар, зрел.
надуе | св.
Со дуење исполни нешто со воздух. Надуе гајда. Надуе балон. Надуе автомобилска гума.
надуен | прид.
Надмен, вообразен, претерано горд.
надуенко | м.
Тој што е вообразен, надуен, што се прави многу важен.
надума | св.
Наговори некого. Ги надумав другачките твои сама да не те оставаат.
надупи | св.
Наговори некого, подбуцне некого на кавга, на лоша постапка и сл. Кој те надупил така да ми зборуваш?!
надупчи | св.
Направи повеќе, многу дупки на нешто.
надурли се | св.
Помине долго време во спиење, во лежење, се наспие, се належи.
надурми | св.
Намршти, набере, собере (чело и сл.). Ги надурми веѓите и одвај го задржа својот гнев.
надуши | св.
Осети со душење, по мирисот, душејќи пронајде нешто. Мачката оддалеку ги надуши рибите.