наема | несв.
наемател | м.
Лице што зема нешто под наем.
наеме | св.
наемен | прид.
Што се однесува на наем. Наемни односи. Наемен труд.
наемник | м.
Лице што е земено привремено да работи под наем.
наемнина | ж.
Паричен надоместок што се дава за тоа што е земено под наем.
наемништво | ср.
Состојба на наемнички однос.
наемодавец | м.
Тој што дава нешто под наем
наергенува се | св.
Ергенува долго, доволно се наживее како ерген.
наеро | прил.
Накривено, настрането. Капата му е наеро. Ја ставил шапката наеро.