надѕида | св.

Изѕида над нешто што е веќе изѕидано.

надјаде | св.

Изеде повеќе од некого.

наеднаш | прил.

Одеднаш, во исто време. Нека е со среќа, две свадби наеднаш. Купиле две коли наеднаш.

наедно | прил.

Заедно, здружено како едно. Неколку препеви објавил наедно со своите песни. Самците ги сместуваа по двајца, по тројца наедно.

наежави се | св.

За коса, влакна на кожата – се крене, се подигне од студ, од страв и сл., се накостреши. Кожата му се наежави. Сиот се наежави од страв.

наезда | ж.

Навлегување, упад на напријател, освојувач во некоја земја; инвазија. Во големата наезда на разни војски биле уништени многу културни споменици.

наелектризира | св.

Предаде електрицитет, исполни некое тело со електрицитет.

наем | м.

Договорено привремено користење на нешто, на туѓ труд или на туѓ имот (на некој предмет, на куќа, стан и др.). Даде под наем. Земе под наем.