наесен | прил.

Во есен. Пазарот е многу богат наесен. Наесен по селата имаше многу свадби.

нажален | прид.

Натажен, обземен од жал. Жената се врати нажалена. Тешко му беше да го гледа нејзиното нажалено лице.

нажали | св.

Предизвика жал, натажи некого. Не ѝ кажа ништо за да не ја нажали уште повеќе.

нажапчи | св.

Затвори врата, порта со жапка, на жапка. Нажапчи врата и тргна низ туѓ и немил свет. Портата беше тешка и однатре заклучена и нажапчена.

нажеже | св.

Стави изложи нешто на висока температура, вжешти, усвити. Стави ја машата во огништето и почувај ја така да се нажеже. Нажежаното парче железо ја добиваше саканата форма под ритмичките удари на чеканот.

наживее се | св.

Проживее доволно долго.

наживне | св.

Живне во некоја мера, се накрене, закрепне. Наживна и почна само да јаде.

наживо | прил.

При живот, уште додека е жив. Наживо го исплакале. Си направил споменик наживо.

наживоти | прил.

При животот, додека е жив. Некои луѓе стануваат легенда наживоти.

нажили се | св.

За растение – пушти жили. За кусо време си најде пат во земјата, се нажили, подрасна.