наблагне ми | св.
наблажи | св.
Облажи нешто малку. Си ги наблажив прстите.
наблажне ми | св.
Почувствува од нешто малку благ вкус. Ми наблажна виното.
наблажнува | несв.
Има, покажува малку благ вкус. Кајсиите наблажнуваат, ама уште не се зрели.
наближи | св.
Дојде близу, се приближи до нешто. Наближија до езерото. Наближавме кон градот.
наблизу | прил.
Во близина, не далеку. Наблизу имало урнатини.
наблиска | св.
Испрска со вода, со течност.
наблиску | прил.
набобне | св.
Нарасне, се исполни со сок, со влага, набабне. Набобнале пупките. Зрната набобнале.
набобри | св.