набоде | св.

Закачи на повеќе места шилести предмети (колци, игли и др.). Набоде неколку колци на меѓата.

набодина се | св.

Бодина доволно, до задоволување.

набодна | ж.

Долга вила со два шилци за пренесување, товарење снопови.

набожен | прид.

Кој верува во бога, побожен. Набожни луѓе. Набожен народ.

набожник | м.

Набожен човек, верник.

набои | св.

Нанесе боја на нешто. Го набои цртежот со црвена боја.

наболедува се | св.

Боледува долго, до определено време.

наболи ме | св.

Почувствува слаба болка. Раната ме наболе малку. Пак почна да го наболува бубрегот.

набор | м.

Тоа што е набрано; набере 2. Набор на кошула. Набор на завеса.

набори се | св.

Се бори доволно, долго, до задоволување.