наивник | м.

Наивен човек.

наивница | ж.

Наивна жена.

наигра се | св.

Помине доволно време во играње, се задоволи со играње. Откако се наиграа, се прибраа дома.

наиде | св.

Дојде во пресрет, намине, се појави. Кога мислев да тргнам, наиде еден пријател и ме задржа малку. Наиде еден странец и прашуваше нешто. Човекот што наиде не го познавам.

наизвади | св.

Извади разни работи во голем број, многу.

наизведе | св.

Изведе многу пилиња и сл.;

наизлезе | св.

За множество – излезе многу, во голем број. Наизлезе многу народ на плоштадот. Наизлегоа по портите да ја видат војската. Наизлегоа многу мрави во собата.

наизлепи | св.

Излепи многу, голем број, големо количество. Пред изборите наизлепија секакви плакати.

наизменичен | прид.

Што се менува периодично, променлив, што се јавува, се случува повремено во определен ритам. Наизменични врнежи од дожд и снег. Наизменични удари.

наизнесе | св.

Изнесе многу, големо количество. Наизнесоа многу, разни јадења.