наизуст | прил.
Без да се гледа текстот, напамет. Ги учеле молитвите наизуст.
наименува | св.
Постави некого на некоја должност, на некое место во определена хиерархија (во државна, црковна служба и др.).
наисече | св.
Исече, насече многу, во големо количество.
наискаже | св.
Каже, раскаже многу нешта, изнакаже.
наија | ж.
накади | св.
Рашири мирислив чад (од темјан и др.). Попот накади со кадилницата.
накадри | св.
Направи кадрици. Ја накадри косата.
накаже 1 | св.
Изрече или изврши казна, казни некого. Комитите ги накажале со робија. Го фатиле крадецот и сами го накажале. Господ го накажал, зашто многу грешел.
накаже 2 | св.
Каже многу нешта, изнакаже, назборува. Што не ми накажа, ми се смачи да го слушам.
наказ | м.
Казна – во изразите: наказ божји, наказ од бога.