наказен | прид.

Што е како казнет, што има некаков физички недостаток, нагрден. Во собата влезе ситно човече со наказен изглед.

накалеми | св.

Изврши калемење.

накани | св.

Покани гости во необично голем број.

накапе | св.

Со капки изводени, извалка, оштети нешто. Ја накапал кошулата. Го накапал чаршафот. Го накапале килимот со восок.

накапе се | св.

Помине доволно време во капење, бањање, се задоволи со капење, бањање. Не излегува со часови од вода, не може да се накапе.

накаса | св.

Касне малку, еднаш од нешто, нагризе. Го накаса јаболкото и го остави.

накастри | св.

Со кастрење добие доволно или големо количество гранки и сл.

накачи 1 | св.

Закачи, забоде шилести нешта во поголем број. Покрај патчето накачиле колци за ограда.

накачи 2 | св.

Зголеми, покачи цена. Секој месец ги накачуваат цените.