накашла се | св.

Се искашла малку, тивко. Се накашла и тропна на вратата пред да влезе.

накај | предл.

Пространствено значење – насока на глаголското дејство. Одејќи накај Вардар се сретнавме со новиот директор. Тајниот излез води накај катакомбите.

накине | св.

Скине доволно или големо количество нешто (цвеќиња и др.).

накисели | св.

Тури оцет, направи нешто да биде кисело (салата, зелка, чорба и др.).

накисне | св.

Стави, потопи нешто (облека и др.) во вода да стои некое време; прими вода, влага. Ја накисна јамболлијата. Земјата добро накисна.

накит | м.

Украсен предмет што се носи на некој дел од телото (прстен, обетки, ѓердан и др.). Скапоцен накит. Златен накит. Кутија за накит.

накити | св.

Украси некого или нешто со украсни предмети. Ја накитија невестата. Цел ден ја китеа елката. Цел град го накитиле за празникот.

наклава | несв.

накладе | св.

Кладе, стави, смести нешто во поголемо количество (зимница, дрва и др.). Накладе зелки. Накладе прачки на огнот. Накладе сè што можеше да собере во куферот.

наклапуши | св.

Стави несмасно, премногу навлече капа и сл. Ја наклапушил капата, очите не му се гледаат.