наклевети | св.

Искаже клевета, набеди некого.

наклепа | св.

Наостри (коса, секира и др.) со клепање, со ковење.

наклон | м.

Поклонување, наведнување при поздрав и сл. Со учтив наклон на главата се разделија.

наклонет | прид.

Што има наклон, стрм. Се качува по патот наклонет кон југ. Наклонетиот пат веќе беше сув.

наклони се | св.

Се наклони, се поднаведне при поздрав. Им се наклони театрално и се повлече кон вратата. Тој стана и лесно се наклони да ја поздрави.

наклоност | ж.

Склоност кон некого или кон нешто. Не можеше да ја скрие наклоноста кон него. Спрема беспомошните треба да се има малку повеќе наклоност и внимание. Уште од рана возраст ја пројавуваше својата наклоност кон уметноста.

накова | несв.

наковална | ж.

Железна подлошка на која се коваат метални предмети.

наковално | ср.

Триножна железна подлошка на која се клепаат косите. Го забоде косачкото наковално вземи и почна да ја клепа косата.

накове | св.

Со ковање изработи доволно или многу предмети.