накодоши | св.
Поткаже, предаде, наклевети некого. Го накодошиле дека им помага на христијаните.
накокори се | св.
Се наперчи, се направи важен.
наколве | св.
Колве доволно, до наситување.
наколе | св.
Исколе доволно или голем број.
наколен | прид.
Што е направен, поставен на колови, над вода. Наколни живеалишта.
наколка | св.
Преполни, нагнете (вреќа, торба и др.).
наконти | св.
Облече убаво некого, нагизди, накити. Ја наконтија невестата како што прилега.
накорне | св.
Искорне доволно или големо количество. Накорнаа лук од бавчата.
накоси | св.
Со косење добие доволно количество.
накосо | прил.
Насочено, поставено косо, во коса положба. Едно стебло лежеше накосо преку патот. Веѓите му одеа малку накосо кон слепоочниците.