накострешен | прид.
Силно возбуден, разлутен, готов за борба; наежавен.
накостреши се | св.
За животно – се наежави, ги подигне влакната, пердувите од страв, од студ и сл. Мачорот се накострешил.
накот | м.
Родот што го окотило некое животно што се коти (мачка, лисица, глушец и др.). И змијата по присоите си го грее својот накот.
накоти | св.
Окоти повеќе малечки – за животно што се коти (мачка, лисица, глушец и др.).
накраде | св.
Искраде, украде многу, во големо количество.
накраен | прид.
Што е на крајот, последен. Накрајни куќи на селото.
накратко | прил.
Скратено, во скратен вид. Раскаже накратко. Објасни накратко.
накрај 1 | предл.
На крајот од нешто. Накрај село имаше крчма. Имало, божем, некоја држава накрај светот без војни и болести. Дуќанот му бил накрај чаршија.
накрај 2 | прил.
Тој дојде накрај. Накрај му кажа дека не се согласува.
накрвави | св.
Направи нешто да биде крваво.