накусо | прил.

Во куса форма, на најкраток начин. Кажи накусо што имаш да кажеш. Ја прераскажа накусо приказната.

накуцува | несв.

Куца, криви малку при одење, накривува. Со едната нога малку накуцуваше.

накучи | св.

Окучи, накоти многу кучиња.

налага | несв.

налае се | св.

За пес – лае долго, додека му се лае.

налаже се | св.

Изнакаже многу лаги некому.

налази | св.

Со лазење помине по нешто, преку нешто, испогани, изгнаси. Гасеница го налази јаболкото.

налакти се | св.

Се потпре на лакот или на лакти. Лежевме налактени еден спроти друг. Се налакти на десната рака и почна да кажува. Се налакти на рацете за полесно да ја држи главата над книгата.

налан | м.

Дрвени влечки со кожено ремче. Ниски налани. Високи налани. Одеше низ дворот боса на налани.