наланџија | м.
Тој што изработува налани.
налапа се | св.
Се најаде многу, се прејаде. Налапај се убаво, на пат ќе одиш.
налбат | м.
Потковувач на работен добиток (коњи, волови и др.).
налбатница | ж.
Дуќан, просторија во која работи налбат.
налеан | и.
Глаголска придавка од налее.
налева | несв.
налевен | прид.
Што се налева (при продажба и сл.). Налевно вино.
налево | прил.
Влево, на лева страна. Сврти се налево. Арапското писмо се чита оддесно налево.
налегне | св.
Легне врз нешто, потисне. Му ја налегнал раката во темницата. Го налегнале и му ги врзале рацете. Полека ја налегна кваката, и вратата се отвори.
налее | св.
Тури, сипе течност во некаков сад. Зеде две чашиња и налеа ракија. Му налеа во чашата вино.