накрст | прил.
Во облик на крст. Пред почетокот на молзењето газерот на ведрото се намачкувал накрст со катран.
накрстен | прид.
Што има облик на крст. Накрстен пресек. Накрстен оган.
накрши | св.
Открши, скрши парче од нешто. Го накрши лебот. Одвај ја дочувавме погачата цела да не ја накршат.
накубе | св.
Кубе во доволна мера, колку што треба. Накуба трева за стоката.
накубичи | св.
Нареди нешто (дрва и др.) во кубни метри.
накуди | св.
Покуди некого во голема мера, многу.
накуп | прил.
Сите заедно, сè заедно. А, ете, зимата нè држеше сите дома накуп.
накупец | м.
Тој што купува добиток или земјоделски производи од производителот за да ги продаде на големо.
накупи | св.
Купи доволно, според потребите, или купи многу, големо количество. Отишол в чаршија и накупил сè што му треба. За Нова година накупија секакви подароци. Му се виде евтино, и сакаше да накупи за цела година.
накупчи | св.
Собере во куп, во купче, направи куп, купче од нешто. Ги накупчи расфрлените камења крај оградата.