налида се | св.

Лида доволно долго време, до задоволување, се наскита.

нализга се | св.

Помине доволно долго време во лизгање, до задоволување.

налик | прид.

Што е сличен, што личи на некого, на нешто. Во темнината му се појави пристара жена налик на мајка му.

наликува | несв.

Личи на некого, на нешто.

налине | св.

Подбуцне, насаска пес на некого.

налипа се | св.

Липа подолго време, до заситување, до премалување; се наплаче.

наличен | прид.

Што е на располагање, што го има. Налична сума. Налични средства.

наличи | св.

Наврти, насочи кон нешто.

налови | св.

Улови многу, во голем број. Налови риби за вечера.

налог | м.

Наредба, добиена службена задача. Налог од повисок орган. Налог за исплата. Патен налог. Налог за апсење.