наложи | св.

Стави облога на болно место од телото. Му ги наложија модрините со толчени коприви и сол.

наложник | м.

Маж што живее невенчано со жена; љубовник.

наложница | ж.

Жена што живее невенчано со маж; љубовница.

наложништво | ср.

Состојба на невенчано, вонбрачно живеење.

налои | св.

Намачка со лој.

налока се | св.

Лока доволно, до задоволување или претера во локање;

налудничав | прид.

Што не е сосема луд, мрднат, чакнат.

налудува се | св.

Лудува доволно, се задоволи со лудување.

налупи | св.

Излупи во големо количество.