належи се | св.

Лежи долго време, до задоволување.

налеиште | ср.

Место крај река, вода, на кое водата надонесува земја, песок и др.

налеп | м.

Болест кај растенијата.

налепи | св.

Залепи во голем број, многу. Низ целиот град налепија плакати.

налепница | ж.

Ливче хартија што се залепува на стоката со податоци за името, составот, потеклото, цената и сл. на производот; етикета.

налет 1 | м.

Напад во лет, од воздух. Бегавме во скривниците при секој налет на авионите.

налет 2 | м.

Клетва: проклет да е. Налет да се стори. Налет да биде. Налет да им се парите.

налета | св.

Движејќи се брзо, удри во нешто, се судри. Не можел да сопре и налетал на спуштената рампа. Налетал на група пешаци.

нали | чест.

налигави | св.

Направи нешто по површината со лига, со плуканица.