наметиште | ср.

Место каде што ветрот натрупува снег, каде што има намет.

наметка | ж.

Широка горна облека, без ракави, обично со качулка; пелерина.

наметлив | прид.

Што се наметнува, што се натрапува; натраплив. Никој не го сакаше неговото друштво, зашто беше неподносливо наметлив со својата зборливост.

наметливец | м.

Тој што се наметнува, што се наложува, наметлив човек.

наметне | св.

Стави, префрли нешто преку телото без да се облекува. Го наметна палтото и излезе. Наметна убав, шарен шал.

наметри | св.

Метри определено количество дрва. Наметри два кубика дрва. Ги наметрија исечените дрва.

намеша се | св.

Се замеша, се смеша во туѓ разговор, во туѓа расправија и др. Кој ви дава право да се намешате во мојот живот?

Намиб | м.

Пустина во југозападниот дел на Африка.

Намибија | ж.

Држава во Африка.

намиг | м.

Намигнување. Се насмевна со топол намиг.