намеси | св.

Меси во определено, во доволно големо количество или меси повеќе различни нешта.

намесник | м.

Тој што управува во името на некого.

намесништво | ср.

Привремено вршење на врховната власт во монархиите од страна на определено лице при малолетност или подолга болест на монархот; регенство.

наместа | прил.

На некои места, не секаде. Оградата беше долга, наместа искршена. По планината наместа се гледаа остатоци од снег. Ќе биде облачно, наместа со дожд.

наместен | прид.

Уреден, снабден со потребното. Наместена соба. Наместен стан.

намести | св.

Стави нешто на соодветно место или во определена положба. Ја намести рачката на секирата. Ги намести рацете за молитва. Намести го саатот да ѕвони.

наместо | предл.

Со именски збор означува дека тоа на кое е укажано со тој збор е заменето со нешто друго. Наместо мајсторот дошол калфата. Наместо на дуќан тргна кон куќата на сестра си. Наместо со пари му плати со пченица.

намет | м.

Снег навеан од ветрот; преспа, соспа. Ги заобиколувавме местата со големи намети.

намете | св.

Направи, даде течна храна (трици со вода и сл.) на добиток.