намига | несв.

намигне | св.

Мигнувајќи со око, даде знак за нешто. Тој им намигна неопределено накај планината и тие тргнаа по него. Само да му намигнам, ќе дотрча.

намилува се | св.

Милува долго, доволно, до задоволување.

намин | м.

Наминување – обично во составот: на наминот. Ќе поминам оттаму и на наминот ќе видам дали си дошле децата.

намине | св.

Патем посети некого или нешто на кусо време. Намини кај мене на едно кафе. Кумата, кога ќе се пуштеше црквата, секогаш ќе наминеше кај нас. Ќе наминам во аптеката да видам дали добиле лекови.

наминум | прил.

На минување.

намири | св.

Заврши определени работи, уреди што треба. Дури ги намири бабата работите, децата позаспаа.

намириса | св.

Стави, прсне мирис на некого, на нешто. По потстригувањето, берберот подобриот муштерија и ќе го намирисаше малку. Ја намириса гостинската соба.

намирисува | несв.

Мириса малку непријатно, лошо, на расипано, има необичен, непријатен мирис. Месото намирисува. Сирењето не е добро, намирисува.

намирница | ж.

Прехранбен производ. Секоја намирница треба соодветно да се чува. Месото е намирница со висока хранлива вредност. Намирниците земаат најголем дел од семејниот буџет.