наноси се | св.
Носи долго време (обично облека, обувки), се задоволи со носење. Им се наносив на овие чевли.
наносиште | ср.
Нанос од земја и друг материјал.
наобеси | св.
Обеси нешто (облека и др.) во голем број. Ги наобеси алиштата да се сушат.
наоблачи се | св.
(само 3 л. едн.) Стане облачно, облачи се. Небото се наоблачи.
наоблекува (се) | несв.
наоблече | св.
Облече некого добро или премногу. Го наоблече детето и го испрати на училиште.
наоглави | св.
Стави огламник на добиток. Го наоглави добичето и го поведе на пазар.
наод | м.
Мало дете оставено, напуштено од родителите и најдено од друг.
наоди се | св.
Помине долго време во одење, се засити од одење.
наоколу | прил.
На сите страни околу нешто. Испоседнаа сите наоколу.