наопаку | прил.
На обратната страна од обичното, од нормалното. Ја крена книгата што лежеше наопаку со раздвоени страници. Ја облекол кошулата наопаку. Цела зима ја носеше гуњата наопаку да не го фаќала магија.
наопачки | прил.
Овдека е наопачки – од езерото истекува река, наместо да се влева во него. Го читав наопачки за да разберам што пишува.
наора | св.
Изора доволно, колку што треба, или многу.
наорли се | св.
Се разлути, се наостри. Се наорли и стана готов да се тепа. Се наорлиле, не сакаат да се видат.
наоружа | св.
(арх.) Дотера, уреди; наружа. Коњот го наоружа.
наостри | св.
Со острење направи нешто (нож, секира, пила и др.) да биде доволно остро, подобро да сече; наточи.
наотче | ср.
наочник | м.
Две кожени парчиња пришиени од страните на коњски огламник за ограничување на погледот, коњот да гледа само напред.
наоѓа | несв.
најде_1_2_3_4_5_7
наоѓалиште | ср.
Место каде што се наоѓа нешто (археолошко, рудно и др. богатство). Наоѓалиште на злато. Наоѓалиште на јаглен.