нани | несв.

За мало дете – спие; припев за успивање. Не гибај го сега, треба да нани. Нани ми, нанкај, нани. Нани, сине, нани, голем да пораснеш.

наниже | св.

Надене на конец, направи низа (од бисер, од тутун, пиперки и др.). Нанижа црвени пиперки за сушење.

наниз | м.

Тоа што е нанижано, низа од еднакви или слични нешта. За Делчев сплете наниз жални песни. Студен наниз од мразулци. Долг наниз од ропски векови.

наникне | св.

Никне во големо количество, никне на повеќе места.

наниша се | св.

Се изнаниша доволно, се задоволи со нишање.

нанишани | св.

Намести, насочи оружје (пушка, топ, стрела и др.) кон целта, земе на нишан. Ја крена пушката, нанишани, но не стигна да пукне.

нанка | несв.

наново | прил.

Одново, пак, повторно. Секој ден наново ги повторуваше истите движења. Наново обиди се да ја решиш задачата.

нанос | м.

Тоа што го надонесува водата (река, поплава) кога ќе надојде. Патот беше затрупан со наноси од песок по поплавата. Нивјето им се родни од наносите на реката.

наносен | прид.

Што има слој од нанос. Наносна почва.