напреж | прил.
напрежен | прид.
Поранешен, преѓешен. Напрежните услови беа многу потешки.
напреку | прил.
Напоречки, накриво, нељубезно, непријателски. Ме погледна напреку и ништо не ми рече.
напречен | прид.
Што е поставен, направен напреку, не по должината. Напречен пресек. Напречна улица. Напречна греда.
напржи | св.
Испржи доволно или во поголемо количество.
наприготви | св.
Приготви доволно или во поголемо количество, во богат избор. Наприготви сè што требаше да има и да остане.
наприкаже | св.
Прикаже, искаже многу, што било и што не било. Ми наприкажа сè што чула за него.
напролет | прил.
Во пролет. Крушата цвета само напролет. Луѓето напролет се зафатени со многу работа.
напромени се | св.
Се промени, се облече убаво, во убава, богата облека. За Велигден сите се напроменија.
напроси | св.
Со просење добие нешто.