напросто | прил.

Просто, едноставно, на прост начин. Сакаше да ни се придружи или напросто да се замеша и тој во разговорот. Тоа не можеш да го направиш, зашто напросто не знаеш. Го сомлевме житото напросто.

напротив | прил.

Спротивно, обратно, не така, ами спротивно од тоа. Во песната тие зборови не звучат лошо, напротив тие прават едно убаво поетично единство. Мислеше да си помине убаво на турнејата, напротив таа само му ги расипа надежите. Сакаше со тоа да го поправи впечатокот, напротив излезе уште полошо.

напрска | св.

Со прскање наводени, навлажи, извалка некого или нешто. Ја напрска кошулата за пеглање. Ги напрска цвеќињата против вошки.

напрснатост | ж.

Состојба на тоа што напрснало, што е напрснато. Напрснатоста е мала.

напрсне | св.

Прсне малку без да се раскрши, распадне; напукне. Чашата напрснала. Коската само напрснала, но не е скршена.

напрсти | прил.

Одејќи на прстите. Помина тивко, напрсти.

напрсток | м.

Метално или пластично поклопче, во форма на чашка, што се става на прстот за притискање на иглата при шиење.

напрчи | св.

Издаде нанапред или наназад некој дел од телото (усни, гради, стомак, задник).

напудри | св.

Стави пудра. Му го напудри малку лицето по бричењето.