напрегнат | прид.

Што е во состојба на краен напор. Напрегната работа. Напрегнати нерви. Напрегнат израз (на лицето). Напрегнат поглед. Напрегнато исчекување.

напрегне | св.

Доведе во состојба на голем физички или умствен напор. Ги напрегна и последните сили да се извлече. Залудно го напрегна својот слаб слух, ништо не успеа да чуе. Со напрегнато внимание го следеше секој збор на предавачот.

напред | прил.

Во насока на тоа што е пред себе. Чекореше упорно напред. Јас ќе продолжам напред, а вие вратете се.

напреде | св.

Испреде во доволно или во големо количество.

напреден | прид.

Што се стреми кон новото, кон прогресивното. Напредна личност. Напредно гледиште. Напредни сили.

напреднат | прид.

Што напреднал, што отишол понапред во нешто (во развојот, учењето и др.). Напредната група. Напреднат стадиум. Напредната возраст. Напредната бременост.

напредне | св.

Помине определен пат, одејќи напред. И покрај лошиот пат, денеска добро напреднавме.

напредок | м.

Напредување, постигање, успех; прогрес. Културен напредок. Економски напредок. Сестран напредок. Постигне голем напредок.

напредува | несв.

Оди, се движи напред.