напушта 2 | несв.

напуштен | прид.

Што е оставен како некорисен, непотребен, што останал без згрижување, занемарен, запоставен. Напуштена куќа. Напуштена воденица. Напуштен старец. Напуштени деца.

напушти 1 | св.

Пушти многу, во голем број, во големо кличество. Ги напушти децата без карти да го гледаат натпреварот. Напуштија трупци по реката. Капините напуштија корење низ цел двор.

напушти 2 | св.

Остави, се раздели од некого, од нешто. Ги напуштил жената и децата и заминал. Го напуштиле децата, останал сам. Ја напуштил работата. Го напуштил родното место.

напљачка | св.

Пљачкоса, ограби многу, големо количество.

нар 2 | м.

Легло од штици наредени на дрвени ногалки. Седнаа скрснозе на наровите и ги зачадија чибуците.

нараби | св.

Направи раб, подвитка и зашие раб на ткаенина; пораби.

наработи се | св.

Работи многу, до изморување. Денеска се наработивме.

нарав | м.

Својствата на личноста; карактер, темперамент. Благ нарав. Весел нарав. Незгоден нарав. Чуден нарав.