опевува | несв.

опее | св.

Воспее, прослави со песна; изрази со песна. Твоето име ќе го опејат в песна.

опело | ср.

Црковен обред – за покој на душа на умрениот.

опера | ж.

Музичко-сценско дело, што се изведува од пејачи и оркестар. Овој месец на сцената се изведуваат ренесансни опери.

оператива | ж.

Извршни органи или поединци задолжени за практично извршување на задачите. Помина во оперативата и почна да се занимава со директна изведба на објектите. Ако не успеам, работниците и градежната оператива ќе ги повлечам до утре изутрина.

оперативен | прид.

Што се изведува со хируршка операција. Оперативно лекување. Оперативен зафат.

оперативец | м.

Лице од оператива, извршител.

оперативно | прил.

Потребен е човек кој оперативно, војнички и ефикасно ќе работи. Редакцијата работеше единствено, оперативно и ефикасно.

оператор | м.

Лекар што врши операција; хирург.

операциинен | прид.

Што е наменет за хируршка операција. Операциона сала. Операциона маса.