опијанет | прид.
опијани | св.
опијат | м.
Лек против болка, препарат на опиум.
опкади | св.
Искади, окади со темјан и др., обично при верски обичаи.
опкачи | св.
Закачи боцки, игли по голема површина на нешто. Капата ја опкачи со разни значки. Боцките го опкачија по палтото.
опкити | св.
Украси, накити, искити насекаде.
опков | м.
Златни, сребрени или метални делови со кои се зацврстуваат или украсуваат различни предмети.
опкова | ж.
опкован | прид.
Што е прицврстен со ковање околу нешто. Имаат долги скии, опковани долу со тенок челик. Тој имаше еден опкован и добро затворен сандак книги.
опкове | св.
Прицврсти со ковање околу нешто. Сам ќе ја опкове колата и лак ќе тури.