опортун | прид.

Поволен, соодветен на околностите, целисходен. Опортун предлог.

опортунизам | м.

Приспособување кон условите на моментот во политичкиот, јавниот живот и службената дејност и искористување на секоја поволна околност за извлекување корист; беспринципиелност.

опортунист | ж.

Тој што применува и изразува опортунизам. Лидерот им се закануваше на опортунистите и на сите што го претпочитаат личниот пред општествениот интерес.

опој | м.

Опојност, замаеност.

опојаде | св.

За инсекти – искаса.

опојно | прил.

На опоен начин; занесно, замаено. Во дворот опојно мирисаше расцутениот јоргован.

опојност | ж.

Особина на нешто што опива, што е опојно.

оправа | ж.

Облека, руба.

оправда | св.

Ослободи некого од обвинение или одговорност, признавајќи го за невин. Поради недостиг на докази судот го оправда обвинетиот. Ако се покаеш, ќе те оправдаат.