оправдан | прид.

Што е основан, исправен, точен. Оправдан приговор. Се покажа дека неговиот страв беше оправдан. Мојата непромислена постапка е оправдана. Беше обземена од силен и оправдан гнев.

оправдание | ср.

Причина, основаност. Сè во светот си имаше свое место и свое оправдание. Сега веќе немам никакво оправдание да го бранам.

оправи 1 | св.

Доведе во ред, во исправна состојба; поправи. Мислам дека ја оправив работата.

оправи 2 | св.

Насочи во одреден правец; упати.

оправија | ж.

Доведување во ред, во исправна состојба. Тука нема оправија.

опраси | св.

За свиња, маторица – донесе на свет, роди прасиња. Маторицата пролетоска опраси шест прасиња.

опраши | св.

За лојзе, нива – иситни, растресе земја, чистејќи ја од плевел. Го ископа и опраши лозјето.

опрашка | ж.

Ситен снег што прилега на прашина. Ова не е снег, ами само опрашка над голомразицата.

опре | св.

Потпре, облегне на некого или на нешто. Тој си ја опре главата на рацете. Го опре товарот на оградата.