опсерваторски | прид.

Што се однесува на опсерватор и на опсервација; набљудувачки. Опсервациска дарба

опсервационен | прид.

Што се однесува на опсервација; набљудувачки; опсервациски. Опсервациона точка.

опсервација | ж.

Набљудување, проследување, испитување. Опсервацијата му помага да ги запознае луѓето и општеството воопшто и да ги анализира што подобро.

опсервира | несв.

Прави опсервација, набљудува. Двајцата раководители ќе ги опсервираат учениците и ќе го следат нивниот развој.

опсесивен | прид.

Што се однесува на опсесија. Кај него се забележува постојано навраќање на некои опсесивни теми и мотиви.

опсесија | ж.

Обземеност, опседнатост со една мисла, идеја и сл. Кај него опсесијата кон татковината е неизлечива. Можеби тоа му е неостварена желба, опсесија.

опсече | св.

Исече наоколу, обреже.

опсипе | св.

а) Покрие, посипе некаква површина со нешто; покрие, посипе некого или нешто од сите страни. Виулицата ми го опсипа лицето со снегулки. Непријателот нè опсипа со оган од сите страни. Тестото го опсипа со брашно и почна да сука. Градот го опсипа благата светлина на месечината.

опскокува | несв.

Скока околу некого или околу нешто. Тој збунето стоеше, а песот опскокуваше околу него.